На игрите се натпреваруваа адвокати од повеќе заедници во поединечни и екипни дисциплини. Пехарот за фер плеј ѝ припадна на Адвокатската заедница Охрид, а признанието за најспортски дух го доби адвокатот Жарко Казанџиски од Прилеп. За најкорисен играч беше прогласен адвокатот Калин Митрески од Скопје.
Адвокатската заедница Скопје го освои првото место во фудбал, а Адвокатската заедница Струга победи во машка кошарка. Во женска кошарка победи екипата составена од адвокатките Иванка Јакимовска, Виолета Симоновски, Лусија Кналијан и Нена Јованова Ѓорѓиевска од Скопје и Филомена Најдеска од Охрид.
Во Адвокатската трка победија Ивана Кузманоска од Скопје во женска и Иван Спиркоски од Прилеп во машка конкуренција. Во шах први места освоија Ана-Марија Стојановска од Скопје кај жените и Љупчо Манасиев од Струмица кај мажите. Во пинг-понг победија Љубица Билбилоска во женска и Дејан Коцевски во машка конкуренција, двајцата од Тетово. Во пикадо победија Иванка Јакимовска од Скопје кај жените и Димитрија Димоски од Гостивар кај мажите.
Пехар за најдобро пеење доби адвокатот Ѓоко Гажоски од Скопје. Адвокатската комора ги опиша игрите како можност за дружење и зацврстување на колегијалните врски, нагласувајќи ги спортскиот дух и меѓусебното почитување.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.