Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Партнерката пријавила физички напад по кратка расправија во неговиот дом.
МВР најави соодветна пријава по целосното документирање на случајот.
Полицијата денеска во Охрид го лиши од слобода В.М. (42) од Охрид, по пријава од неговата вонбрачна партнерка дека физички ја нападнал во неговиот дом.
Полициски службеници од СВР Охрид постапиле во 03:45 часот. Според пријавата на партнерката, нападот се случил по кратка расправија.
По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, најави МВР.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.