Признанијата беа доделени по повод 5 Октомври, Светскиот ден на учителите. Меѓу наградените има просветни работници од предучилишното, основното и средното образование, а едно признание е постхумно.
Признанијата ги врачија министерката за образование и наука Весна Јаневска и претседателката на Сојузот, Жаклина Ристовска. Според Јаневска, Сојузот ги избрал наградените врз основа на нивните резултати, признанија, награди и посветена работа во изминатата учебна година.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.