Митева побара итно постапување на Обвинителството за случајот во Охрид.
Таа повика на целосно расчистување на случајот и правда.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, побара Јавното обвинителство итно да постапи за насилството врз млада девојка во Охрид. Таа остро го осуди насилството и повика на постапување без одолговлекување.
„Случајот мора целосно да се расчисти и да има правда!“, порача Митева.
Таа нагласи дека насилството е недозволиво и нема оправдување, ниту смее да се премолчува или релативизира.
Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.