Најважно
Охрид 6°
Најважно
Редакција: Охрид.мкИспрати тема

Мени на Охрид.мк

Редакција:Охрид.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

„Доста е!“ - Охрид излегува на протест против насилството врз жените

Постер за протестот „Охрид не молчит“, 21 ноември 2026
Материјал од најавата на „Охрид не молчит“.
  • „Охрид не молчит!
  • Повикот доаѓа по случај на насилство што го потресе Охрид.
  • „Преку глава ни е од молк, оправдувања и институции што не реагираат навреме“, стои во повикот.

„Охрид не молчит! Доста е!“ - со оваа порака е најавен мирен граѓански протест против фемицидите, родово базираното и семејното насилство и институционалното непостапување. Собирот ќе се одржи во сабота, 21 ноември, од 12:00 до 14:00 часот, со почеток на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.

Повикот доаѓа по случај на насилство што го потресе Охрид. Во најавата објавена на профилот „Охрид не молчит“ се нагласува дека насилството врз жените не се случува само „некаде таму“, туку и блиску до нас, меѓу луѓе што можеби ги познаваме.

„Преку глава ни е од молк, оправдувања и институции што не реагираат навреме“, стои во повикот. Барањата се заштита, одговорност и конкретни промени, со порака дека не смее да се чека да биде предоцна.

Од плоштадот, поворката ќе продолжи низ Охридската чаршија до СВР Охрид, а потоа по булеварот „Македонски Просветители“. Протестот ќе заврши пред Основниот суд Охрид.

„Доста е! Охрид нема да молчит!“ е пораката со која се повикуваат граѓаните да се приклучат на мирниот протест.

Најавата и маршрутата се објавени на профилот „Охрид не молчит“.

Маршрута на протестот „Охрид не молчит“
Маршрута на протестот, објавена од „Охрид не молчит“.
Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.