Обуките беа насочени кон улогата на менторите во насочувањето, поддршката и следењето на учениците додека учат преку работа во реална работна средина. Според Центарот за развој на стручното образование (ЦРСО), целта беше да се зајакнат знаењата и компетенциите на менторите.
Меѓу темите беа улогите и одговорностите на менторите и унапредувањето на соработката меѓу училиштата и компаниите што го спроведуваат практичното образование. Посебно внимание беше посветено на инклузивното менторство и создавањето безбедна и поттикнувачка средина за учење. Обуките опфатија и развој на компетенции поврзани со зелените вештини и одржливите практики на работното место.
ЦРСО ги организираше обуките со поддршка на УНИЦЕФ. Две се одржаа во Скопје, а по една во Битола и Охрид.
Центарот наведува дека продолжува да ја зајакнува соработката со работодавачите и да работи на унапредување на квалитетот на стручното образование, со цел учениците да стекнуваат знаења и вештини што одговараат на потребите на пазарот на трудот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.