Настанот, организиран од Сојузот на фолклорни ансамбли на Македонија (СОФАМ), собра млади од фолклорни ансамбли од земјата. Програмата траеше три часа и се одржа пред полна сала.
Учесниците го поминаа денот во истата сала, а од „Дримкол“ го пофалија нивното мирно и дисциплинирано однесување. Друштвото оцени дека трудот на младите придонесува за зачувување на традиционалните и човечките вредности, нагласувајќи дека народното творештво останува незаменливо и во време на технологија и вештачка интелигенција.
За екипата на „Дримкол“, од пречекот до испраќањето, се грижеа волонтерите од фолклорниот ансамбл „Етнос“. Во поддршката беше вклучен ансамблот со раководителките Маја Месова и Теодора Стојановска.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.