Министерот Горан Минчев рече дека Министерството работи на основање Академија за стручно усовршување и обука на административните службеници, која, според најавата, ќе почне со работа на почетокот на 2027 година. Целта е службениците да ги надградуваат знаењата и вештините и да се подигнат професионалните стандарди во администрацијата.
Акцентот на обуките во Охрид бил на примената на наученото во секојдневната работа, особено во контактот со граѓаните. Модулот за менторство го водеа Наташа Илијева Ацевски и Јасна Пајковска, за комуникациски вештини предаваа Христина Велковска и Благица Ризоска Ваниќ, а за еднаквост и недискриминација зборуваа Александра Савевска и Фанија Ивановска.
Минчев рече дека реформата не се сведува на промени во законите, туку треба да донесе поквалитетни услуги од ефикасни и одговорни институции. Според него, новата законска рамка за административните службеници и Законот за високите раководители поставуваат појасни критериуми за професионалност, избор, оценување и одговорност.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.