Најважно
Охрид 6°
Најважно
Редакција: Охрид.мкИспрати тема

Мени на Охрид.мк

Редакција:Охрид.мкЛокални вести и информации
Испрати тема

Во Охрид полицијата постапувала по две пријави за напади врз девојки

Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
  • Во Охрид постапувано е по две пријави за физички напади врз девојки.

Во Охрид биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз девојки. Во едниот случај бил лишен од слобода 31-годишен охриѓанец, а во другиот 34-годишен маж од Скопје со престој во Охрид.

Според информациите на МВР, денеска во 05:05 часот на улицата „7 Ноември“ бил лишен од слобода Х.К.(31) од Охрид, по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.

Вчера во 17:55 часот на улицата „15 Корпус“ бил лишен од слобода и В.Б.(34) од Скопје, со престој во Охрид. Тој бил пријавен дека физички ја нападнал својата девојка во семејниот дом во Охрид.

За пријавените случаи се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.

МВР апелира семејното насилство да не се премолчува и да се пријавува навреме. Жртвите и секој што има сознанија дека друго лице е изложено на насилство може да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 112 и 192.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.